Search

ВМРО-ДПМНЕ: Сега е вистинско време Заев и Спасовски да си поднесат неотповикливи оставки

Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат премиерот Зоран Заев и неговата влада, дека за да ја сокријат неспособноста сега се правдаат со лажни соопштенија.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план со кој што му е овозможено на Никола Груевски да избега од Македонија. Наместо да се правдаат, сега е вистинско време двајцата да си поднесат неотповикливи оставки заради нефункционирањето на институциите и разорувањето на Македонија“ се наведува во реакцијата на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Никола Груевски, велат дека тоа не е опција дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон.

Префрлањето на вината на други, Заев и Спасовски не и помагаат на Република Македонија и на правниот систем. Двајцата под итно треба и нивниот криминален картел треба да си заминат, порачаа од опозициската партија.

Треба да знаете
Последни објави