Search

ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ со манипулации се обидува да се извади за скандалозната аудио снимка

СДСМ со манипулации се обидува да се извади за скандалозната аудио снимка која се поврзува со нивниот градоначалник на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш и во која постојат сериозни индиции дека истиот бесправно лишува од слобода лице, го тепал малтретирал и навредувал.

Дека бранат насилство врз граѓаните говори и самиот факт што не побараа неотповиклива оставка од нивниот градоначалник.

СДСМ и Зоран Заев се тие кои што оправдуваат и поттикнуваат насилство и незаконско однесување од страна на нивните функционери.  Доказ за тоа е несанкционирањето  на нивниот градоначалник Марјанче Стојановски од Демир Хисар кој се закануваше на учителки дека ги прислушкува и следи, доказ е и немањето на епилог за сообраќајната несреќа која ја предизвика заменикот министер, а доказ е и смешната судска пресуда за нивниот поранешен градоначалник Боро „Марлборо“ Стојчев кој беше фатен во сериозен шверц со цигари.

Тепањето, навредувањето и лишувањето од слобода на граѓани сигурно не е европска вредност. Се додека СДСМ тоа го штити и го прикрива, дотогаш Македонија ќе биде надвор од Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави