Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ откако дојде на власт економијата го допре дното

Привидот дека имаме огромен раст од 4,1% во првиот квартал од 2019 година е резултат на фактот што лани во истиот квартал стапката на раст беше исклучително ниска – 0,9%. Стапката на економски раст за секој квартал се мери споредбено со истиот квартал од претходната година.

Имаме исклучително низок раст на преработувачката индустрија од 3% што докажува дека мерките што оваа влада ги насочува кон приватниот сектор и индустријата не даваат подобрување.

Стапката на сиромаштијата се повеќе се зголемува, засега бројката достигна до 500.000 граѓани кои живеат на раб на егзистенција.

Капитални инвестиции речиси и да нема. Нема нови градинки, нема нови училишта, нема нови спортски сали, нема нови проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на македонските граѓани.

Сето ова само докажува дека Заев и неговата криминална влада немаат ниту знаење, ниту капацитет да ја развиваат економијата. Тие единствено гледаат за нивниот џеб, а не за доброто на граѓаните, затоа метлата мора да заигра за целата власт.

Треба да знаете
Последни објави