Search

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваа и специјални едукатори во градинки, но и тоа остана нивно празно ветување

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

„Поминаа повеќе од три години откако СДСМ и Заев се на власт, а од ветените проекти немаат ништо исполнето.

Ветуваа целосна грижа за децата, отварање на нови градинки, но граѓаните не добија ништо од тоа.

Пред да дојдат на власта во нивниот таканаречен „План за живот“ ветија  градинки во Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен, но градинки во овие места сеуште нема.

Од опозиција СДСМ ветуваа и специјални едукатори во градинки, но и тоа остана нивно празно ветување.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт водеше целосна грижа за децата и детската заштита, при што до 2014 имаше изградено 44 детски градинки, а само во периодот од 2014-2016 изгради 21 градинки.

Значаен е и фактот што ВМРО-ДПМНЕ го прошири опфатот на деца од предучилишно образование 27%, а додека СДСМ за нивните 3 години власт го имаат зголемено само за 2-3%.

Доаѓа крајот на  погубни политики на СДСМ, и сето ова ќе заврши по 12 Април.

По 12 Април ќе дојде обновата на Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе се залага за доброто на сите граѓаните во државата.“

Треба да знаете
Последни објави