Search

ВМРО-ДПМНЕ: Приказната  за Али Баба и 40-те разбојници добива нова верзија во Македонија

СДСМ наместо да се фрустрираат и да испраќаат нервозни соопштенија, подобро е да се обратат кај  Зоран Заев да ги смири и да им подели од украденото. Се ближи крајот на криминалите и крадењето, па имаме разбирање за ваквите изливи на фрустрации, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Приказната  за Али Баба и 40-те разбојници добива нова верзија во Македонија каде главен лик е токму Зоран Заев заедно со неговите криминалци од врхушката во власта.

Откако е Заев премиер граѓаните се повеќе осиромашуваат додека на неговото семејство им цветаат бизнисите со марихуана, камионите им возат за РЕК, ги имаат „Герас Цунев“, и  „Цареви кули“, а исто така си го имаат и земјиштето од струмичката касарна кое го стекнаа на сомнителен начин.

Дополнително на тоа сведоци сме како останатите функционери околу Заев, секојдневно местат тендери, сами себе си доделуваат грантови и си ги вработуваат своите најблиски во државните институции за плати кои обичните граѓани само ги сонуваат.

Малку им беше тоа па затоа почнаа да ги рекетираат  бизнисмените во Македонија, а на граѓаните им натоварија зголемени даноци, покачена акциза за горивата и поголеми трошоци за живот.

Со овие криминалци на власт граѓаните живеат во се поголема беда. На Република Македонија потребни и се промени кои единствено ќе се случат кога Заев и неговиот криминален картел ќе си заминат од власт“.

Треба да знаете
Последни објави