Search

ВМРО-ДПМНЕ: Политиката да ги тргне рацете од правосудниот систем

Политиката мора да ги тргне рацете од правосудниот систем, истакна опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата порачуваат дека државата не смее да толерира компромиси со правдата и правда мора да има, а законот да се почитува.

„Власта на СДСМ ќе биде одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев. Современата инквизиција која ја спроведе Заев е срам за државата. Овој прогон стави во затвор и изложи на шиканирање невини луѓе, кои без никакви докази се оставени да скапуваат по затворите“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, нефункционирањето на правосудството предизвикало негатива и врз економијата.

Треба да знаете
Последни објави