Search

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски не ги реализираше ветувањата од 2016, а веќе ги надогради со нови лаги

Лагите кои ги ветуваше Љупчо Николовски во 2016 не стаса да ги реализира, ама веќе ги надогради.

Ветуваше дека секое семејство ќе има приходи од 1000 евра, ветуваше гасификација на 32 општини, ветуваше 100 илјади денари плата на докторите и дупло повисоки плати во здравството, ветуваше 600 километри нов автопат и уште десетици други лаги во 2016 година.

Сега сме 2020 и Љупчо Николовски пак кажува нови лаги, пред истите гласачи во третата изборна единица. Крајно безобразно.

Нивното главно ветување дека ќе донесат правда се претвори во пазарење со правдата, милиони евра пренесувани во торби за кои има сведоштво дека завршувале во рацете на Зоран и Вице Заеви.

За три години успеаjа да го срозат целиот систем, да ја клекнат економијата на колена, да ги урнисаат образованието, здравството и земјоделието

Власта на СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Треба да знаете
Последни објави