Search

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи онлајн седници на собранието

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на поставени прашања на вечерашниот Live chat во врска со онлајн седниците во Собранието, посочи дека тоа е спротивно на Уставот и ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи такво решение.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи онлајн седници на собранието. Тоа е спротивно на Уставот и ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи кршење на Уставот. Во случај кога имаме формирано Влада, во случај кога имаме владино мнозинство тие се должни да обезбедат кворум за работа од вкупниот број на пратеници. Во случајот тоа е 61 и во ваков случај тие се тие што треба да обезбедат функционалност на законодавниот дом, а не да бараат начин како да ја заобиколат таа функционалност. Така што во случајот јасно и гласно кажувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го крши Уставот и ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи онлајн седници во собранието – објасни Мицкоски.

Во врска со изборниот процес за престојните избори во градот Штип, Мицкоски порача дека доколку ВМРО-ДПМНЕ почувствува дека на било каков начин демократијата во изборниот процес се изолира, тогаш ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема по втор пат да учествува во изборни лакрдии, односно нема да даде легитимитет на таквите избори.

– Партиските структури се мотивирани и секојдневно се неформално помеѓу граѓаните, се доекипираат и местните комитети кои веќе се во функција, а тоа значи дека следи голем дебакл на СДСМ во Штип и превземање на локалната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на овие локални избори во Штип, ВМРО-ДПМНЕ ќе има кандидат кој повеќе од сигурно е дека ќе издвојува убедлива победа, која ќе биде предвесник на победите кои следат и на локално и на централно ниво, потенцираше претседателот Мицкоски на вечерашниот Live chat.

Треба да знаете
Последни објави