Search

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо ветеното покачување сега ги залажува лекарите со само 8 денари повеќе

СДСМ соочена со реалноста дека ќе изгуби на предвремените парламентарни избори започнува со неефективни популистички мерки.

Во време на очај и борба за власт Заев и Филипче фрлаат ронки на здравствените работници.

Последната мерка од страна на Министерството за здравство е очајна. Власта вети и излажа покачување на капитацијата од 55 на 90 денари за матичните доктори, додека за матичните стоматолози од 40 на 70 денари. Наместо ветеното покачување сега ги залажува лекарите со само 8 денари повеќе.

Оваа мерка и останатите на Заев и СДСМ не водат на прав пат туку во пад. Државата со оваа Влада тоне. Својата казна ќе ја добијат на 12 април. А, по изборите ќе започне реалната обнова на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави