Search

ВМРО ДПМНЕ: Мора одговорност за уривање на црните рекорди на заболени и починати

Македонското здравство е пред целосен колапс. Заев и Филипче го уништуваат здравствениот систем поради политички интереси. Вчера го достигнавме најцрниот врв на епидемијата на коронавирусот со 196 нови заболени и 8 починати, а СДСМ и Заев се уште зборуваат за брзи избори, велат во соопштението од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Загрижува фактот дека бројот на заразен медицински персонал секојдневно се зголемува само поради негрижата на министерот Филипче да обезбеди соодветни услови за работа во болниците кои имаат постојан недостиг на медицински материјал и опрема за заштита.

Додека во сите околни држави веќе се враќа состојбата во нормала, кај нас бројот на новозаболени постојано се зголемува.

Економијата е во слободен пад. Малите бизниси се заборавени од државата и не може да опстанат, а помош од државниот буџет добиваат фирми блиски на кланот Заеви и на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Зоран Заев и СДСМ се подготвени да го уништи целиот здравствен и економскиот систем само за да истераат свои теснопартиски интересни за брзи избори со пуста надеж да изгубат со што е можно помала разлика.

Не смее да се дозволи Заев и СДСМ да си играат со животите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.

Треба да знаете
Последни објави