Search

ВМРО ДПМНЕ: Кластерот СДСМ со манипулации и игнорирање на препораките ќе продолжи да се шири и да ги доведува во опасност граѓаните

СДСМ е најголемиот  и најопасниот   кластер на Ковид 19. За тоа доказ е пола од раководството кои се позитивни на Ковид 19.Тоа само покажува дека СДСМ не ги почитуваат препораките од здравственоте власти.

Вчера излезе бројка од 180 новозаразени што е доказ дека владата на СДСМ е неспособна да се справи со ситуацијата. Сега сите други им се виновни освен самите тие.

Наместо да се погрижат да се надмине оваа ситуација тие сакаат да собираат политички поени за да го ублажат поразот.

Овие три години откако се тие на власт  освен хибриден режим, неспособност, корупција, криминал и сиромаштија граѓаните не видоа ништо друго. СДСМ ќе одговара за се што направи до сега.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние бараме Македонија прво да ги насочи сите свои капацитети во справување со епидемијата, а потоа да следат избори на кои Заев и неговата власт ќе бидат казнети од народот.  Заев и СДСМ никогаш повеќе.

Треба да знаете
Последни објави