Search

ВМРО-ДПМНЕ: Картелот на власт ги јакне бизнисите на своите функционери, а граѓаните осиромашуваат

Откако СДСМ и Заев дојдоа на власт, државата осиромашува, граѓаните живеат во беда, а Заев и картелот околу него се богатат, сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, економијата е на дното поради, како што велат, катастрофалните политики кои ги води владата на СДСМ.

„Во услови кога цела Европа забележува високи стапки на раст на БДП, македонската економија стагнира. Во недостиг на сопствени инвестиции кои што би обезбедиле нови работни места и обезбедување на подобар живот, Зоран Заев се фали и слика со странски инвестиции кои што ги донесе ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека СДСМ и Заев докажаале оти немаат капацитет за носење на странски инвестиции, ниту пак за подобрување на условите за инвестирање на домашните фирми.

„Граѓаните се уште немаат видено никаков бенефит од криминалниот картел предводен од Заев, а СДСМ единствено што успеаја досега да направат е да ги зголемат бизнисите на своите функционери, на сметка на граѓаните кои се повеќе осиромашуваат. Ова е одраз на неспособноста, некадарноста и неработењето на Владата на СДСМ, Заев, Тевдовски и Анѓушев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради тоа, од оваа партија додаваат дека граѓаните на 21 април на Пендаровски и на СДСМ ќе им кажат едно големо „не“, кое ќе го потврдат и на 5 мај.

Треба да знаете
Последни објави