Search

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се на спротивната страна од правдата, СДСМ докажува дека борбата против криминалот не познава партиски бои

СДСМ со соопштение за јавност реагира на прес конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, по повод случајот „Рекет“.

Штитење на криминалци и сокривање на криминалот е одлика единственo на ВМРО-ДПМНЕ.

Единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта и е раководен од Никола Груевски а ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се само неговите пипци кои очајно се обидуваат да го одбранат неговиот криминал. СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна.

Доказ за тоа е и новиот Закон за јавно обвинителство кој наскоро влегува во собраниска процедура. Закон за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од лидерската средба и застанаа на спротивната страна од правдата и одговорноста. Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски ќе одговара“.

Треба да знаете
Последни објави