Search

ВМРО ДПМНЕ: Заев ветува прогрес, а ги погази достоинството и перспективите на сите во Македонија

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ,  реакција на говорот на Зоран Заев.

Измамникот Зоран Заев денес повторно пред Форумот на Жени на СДСМ лажеше. Зоран Заев повторно ветува прогрес, а ги погази достоинството и перспективите на сите во Македонија.

Следниот пат кога Радмила Шекеринска ќе му пишува говор нека спомене барем збор за одговорноста на власта за аферата Леонардо, за тендерите на Анѓушев, за концесиите и марихуаната на кланот Заеви, за торбата Луј Витон со рекетираните милиони.

Во овој говор на Заев не слушнавме ни збор за 500 000 граѓани кои живеат во сиромаштија, за иселувањето на младите, за очајните земјоделци, за пропаднатото здравство, колабираното образование и за тоа што СДСМ направи за надминување на проблемите на граѓаните.

Тоа е реалноста со која се соочуваат и жените и мажите и младите и возрасните во Македонија. Наспроти розевите очила на Заев, граѓаните живеат со јадот и чемерот како да го преживеат месецот.

Заев може да бега од одговори, но нема да побегне од одговорноста. Одговорноста ќе го стаса како катастрофален пораз на претстојните избори.

Треба да знаете
Последни објави