Search

ВМРО-ДПМНЕ да не ја лаже јавноста и да се извини за штетите што ги нанесе, бара СДСМ

Осиромашување на мнозинството на граѓани и богатење на малкумина од нив е лошата слика за времето на криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ. Таа лоша слика се менува, економијата се движи во добар правец. Токму погубните криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ доведоа до тројно зголемување на долгот и огромна буџетска дупка во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, соопшти СДСМ.

„ВМРО ДПМНЕ да престане да ја лаже јавноста и да се расфрла со паушални бројки и проценти за даноци кои допрва треба да подлежат на јавни дебати и дискусии. Се спроведува темелна анализа за начините и моделите на обезбедување фер даночна политика во земјава. Во моментот кога анализата ќе биде подготвена, истата ќе се презентира пред граѓаните и пред стручната јавност, со цел да се отвори јавна дебата базирана на точни податоци и факти.

Залудни се лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ, економијата се движи во добра насока. Растот на минималната и просечната плата, рекордниот износ на странски директни инвестиции 235 милиони само во првиот квартал од оваа година, падот на невработеноста и намалените трошоци за живот се само дел од економските параметри коишто ја докажуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ“, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави