Search

ВМРО ДПМНЕ дава предлози за да создава дупки во законите, тука им е скриената амнестија

Клучната разлика е во надлежностите на Организиран криминал и Обвинителството за висока корупција во предлогот којшто произлезе од  Владата и предлогот којшто произлезе од ВМРО – ДПМНЕ, токму тука лежи зајакот, истакна Рената Дескоска во интервју за емисијата Стадион на Канал 77, на прашањето за вистинската суштина на предлогот на ВМРО – ДПМНЕ.

-Кај нив недостасуваат изборни нерегуларности како надлежност на Организиран криминал, тоа е точно и ние на тоа реагиравме. Тоа е многу битен криминал којшто не може да го оставите на другите обвинителства туку треба екипирано обвинителство со сите капацитети, со одреден тип на самостојност да може да одлучува и да гони вакви дела. Понатаму, злоупотреба на ИПА фондови беше извадено од нивниот предлог како надлежност на Организиран криминал и одредени други дела коишто ние сметаме дека се тешки и значајни дела и треба да бидат гонети или од Обвинителство за организиран криминал или Висока корупција, додаде Дескоска.

Таа потенцираше дека треба да се тргне од идејата не на кој што му одговара, бидјеќи на прво место е одговорноста спрема граѓаните и државата, односно дека  секој функционер, секој граѓанин да биде свесен што е недозволено однесување, и да си го прилагоди своето однесување спрема законските норми, а не да бара или да создава дупки во законите со цел да се амнестира. Треба конечно да се стави точка на таквиот пристап.

Треба да знаете
Последни објави