Search

ВМРО-ДПМНЕ го прекршила Изборниот законик: Ја затворила сметката од изборите со долг

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со долг од 400.000 евра ја затворила сметката по претседателските избори, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.

Согласно изборниот законик сите политички партии пред избори отвораат наменски сметки кои потоа мораат да бидат затворени на салдо нула, а законот предвидува нивните трошоци за време на кампањата да бидат покриени единствено од таа сметка. Но, и покрај тоа, сметката на ВМРО-ДПМНЕ по изборите останала во минус врз основа на неплатени фактури чии услуги ги користела за време на кампањата.

Членот 10 од Изборниот законик предвидува трошоците за кампањата да бидат покриени единствено од таа сметка, сметката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по изборите останала во минус поради неплатени фактури кон фирма чии услуги ги користела за кампањата.

Најголемиот дел од долгот е кон печатницата „Полиестердеј“, односно 350.000 евра, пари кои и по половина година од кампањата не се легнати на контото на фирмата. Потписник на завршниот извештај на опозициската партија е генералниот секретар, Игор Јанушев.

Партијата може да биде повикана на одговорност, од државниот завод за ревизија чија задача е да ги провери сите трансакции на политичките партии за време на изборите. Заводот потоа, доколку утврди било каква неправилност во финансискиот извештај на учесниците во изборната кампања, според изборниот законик, поднесува прекршочна постапка или пријава до надлежниот јавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави