Search

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе го поднесе предлог-законот за амнестија

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе го поднесе предлог-законот за амнестија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарски прашања во однос на амнестијата за лицата од случувањата од 27 април минатата година, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ веќе в понеделник ќе поднесе Закон за амнестија за лицата.

„Мислам дека веќе в понеделник  медиумите ќе го имаат Законот за амнестија за лицата од 27 април што е составен од страна на  врвни правници“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски.

Предлог-законот за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27 април и власта ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го поднесе пред два дена. Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на тогашната прес-конференција посочи дека доколку е за вистинско помирување и правда за сите, власта ќе го прифати предлогот.

Арсовски меѓудругото денеска одговори и на прашањето дали партијата ќе се вклучи во процесот на поднесување уставни измени и амандмани. Во однос на оваа тема, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во текот на денот ќе има координација со раководството на ВМРО-ДПМНЕ во однос на усогласување на стратегија за дејствување во наредниот период.

Треба да знаете
Последни објави