Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ се грижеше за државните интереси, немаше да ги понижи граѓаните

Доколку се грижеше СДСМ за државните и националните интереси, немаше да ги понижи граѓаните, да ги промени Уставот и уставното име на Република Македонија и да се откаже од македонскиот идентитет, историја, култура, јазик и традиција,реагира ВМРО по соопштението на СДСМ.

„Граѓаните јасно на референдумот им дадоа до знаење дека се против промена на името, но криминалниот картел по секоја цена тргна спротивно на народната волја и за кариеристички цели го промени името на државата. СДСМ го погази достоинството на граѓаните и донесе беда. Македонија и граѓаните повеќе не смеат да уназадуваат. Време е СДСМ да си замине и затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на овие црнила, а Македонија и граѓаните да почнат на напредуваат“, се наведува во реакцијата на опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека СДСМ секоја година најавува дека ќе биде економска година, но наместо раст на економијата Македонија добила економски колапс.

„Нема повисоки плати, нема повисоки пензии, нема повисоки стипендии, младите се повеќе се иселуваат, образованието тоне, здравството е во хаос, назадување во секој сегмент од животот на граѓаните. Тоа е причината поради која СДСМ бега од предвремени парламентарни избори, знае дека незадоволството кај граѓаните е се поголемо“, додава ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Треба да знаете
Последни објави