Search

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ, Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид за убиство, се влошува, пренесува ТАСС цитирајќи го „Сандеј тајмс“.

Цитирајќи добро информиран разузнавачки извор, весникот објави дека состојбата на Скрипал е влошена. Но се уште не се смета за критична” и дека Скрипал добил медицинска помош во својот дом.

Изворот додал дека никој не може да предвиди што ќе се случи со поранешниот руски офицер бидејќи малку е познато за долгорочното влијание на нервниот агенс со кој бил затвруен.

Покрај тоа, извор на Скотланд јард за „Сандеј тајмс“ изјавил дека, за разлика од Јулија, Сергеј Скрипал и пред труењето не бил во добра состојба поради неговата возраст и здравје.

Јулија останува во добра здравствена состојба”, вели изворот.

Скотланд Јард во неделата изјавил дека немаат коментар на прашањето за промените во здравствената состојба на Сергеј Скрипал.

Треба да знаете
Последни објави