Search

Вложуваме во зеленилото во Град Скопје, градиме плански по современи стандарди

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов во континуитет вложува во подобрувањето на функционалноста и изгледот на градот.
Денеска се наоѓаме на булевар АСНОМ каде е направено модерно булеварско решение со по три коловозни ленти во секој правец, тротоари и велосипедски патеки со средишно и странично зеленило од дрвореди на двете страни.
Исто така има и урбана опрема од двете страни од клупи и корпи за отпадоци со соодветно осветлување.
Зеленилото на булевар АСНОМ исто така говори за внимателниот и грижлив однос кон проблемот со загадувањето, поставуваме стандарди на квалитет кои градот ги воведува изминативе 3 години.
На оваа локација засадивме околу 300 нови висококвалитетни зимзелени и листопадни садници кои веќе напролет ќе развијат убави крошни во кои минувачите ќе можат да уживаат.
Претходно и на булеварот Србија минатата година изградивме велосипедската патека.
Почитувани,
Град Скопје во изминатите 3 години добива нов, урбан лик со целосно функционална инфраструктура, сите нови булевари ги градиме согласно европските стандарди, а онаку каде што дозволуваат условите тие стандарди ги поставуваме и на веќе постоечките булевари.
Граѓаните на градот Скопје веќе одамна ги воочија разликите во квалитетот и затоа секојдневно даваат поддршка на планското градење согласно модерните европски градови.
Тука не застануваме, работиме уште повеќе, за да биде уште подобро.
Треба да знаете
Последни објави