Search

Владината уредба за плажите на Охридското Езеро донесена во вонредна состојба оспорена пред Уставниот суд

Со назнака „Итно“, до Уставниот суд испратена е Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба донесена на седница на Влада на 03.04.2020г, и на дополнувањето на истата изгласано на седница на Влада на 10 јуни, дознава „Охридњус“.

Во иницијативата поднесена од фирмите кои управуваат со плажите „Куба Либре“, „Потпеш“ и „Кадмо“, преку адвокатското друштво „Ѓоџо, Кичеец и Новаковски“, се бара посочените уредби да се прогласат за неуставни и истите да се укинат за да не произведуваат правни последици.

Во владината уредба дополнета на седницата на 10 јуни е наведено дека надозорот над вршењето на дејноста ќе го прават Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат чии надлежности не се компатибилни со надлежностите на овие органи, велат правните застапници на поднесителите на Иницијативата.

Тие бараат итно запирање на постапката поради најавите на владини претставници за уривање на плажите, односно враќање на просторот со кој стопанисуваат во првобитна состојба, што, како што се наведува во Иницијативата, претставува сериозен ризик да настане огромна, ненадомествлива штета и други финансиски реперкусии за подносителите.

Треба да знаете
Последни објави