Search

Влада: Утврдување кризна состојба на јужната граница, усвоена информацијата за програмата на германското претседателство со Советот на ЕУ

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 79-та седница ја усвои информацијата за програмата на германското претседателство со Советот на Европската Унија што на седницата ја презентираше амбасадорката на СР Германија во нашата земја, нејзината екселенција Анке Холштајн.

На оваа своја седница, согласно заклучокот од седмата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, Владата ја донесе Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради постоењето на пандемијата и опасноста од ширењето на КОВИД-19.

Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.

Треба да знаете
Последни објави