Search

Владата ја усвои Информацијата за номинирање на Длабока Река на Прелиминарната листа на УНЕСКО

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата во врска со постапката за номинирање на локалитетот Длабока Река во Националниот парк Маврово на Прелиминарната листа на УНЕСКО.

-Локалитетот Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово има исклучителни природни вредности преставени преку голема биолошка и пределска разновидност. Една од основните карактеристики на овој локалитет е старата (девствена) букова шума (Fagus sylvatica) која се развива во долината на Длабока Река на планинскиот масив Кораб, со скоро никаква интервенција на човекот во последните 100 години, наведува владината прес-служба.

Според Владата, Длабока Река се одликува со голема биолошка разновидност, бројни ендемични растителни и животински видови. Се наоѓа во зоната за строга заштита на Националниот парк Маврово и во неа се дозволени само научно-истражувачки активности.

Треба да знаете
Последни објави