Search

Владата со апел до опозицијата поскоро да се донесат измените на Законот за заштита од заразни болести

 Владата повторно апелираше до опозицијата за поскоро носење на измените и дополнувањата на Законот за заштита од заразни болести, имајќи ја предвид состојбата со ширењето на коронавирусот во земјата.  

Овде е многу важно да апелираме, Законот што е веќе во Собрание да биде донесен час поскоро затоа што се работи навистина за јавното здравје и затоа што им го должиме и на здравствените работници коишто се многу оптеретени сите овие месеци откако трае пандемијата, рече портпаролот Душко Арсовски на прес-конференција во Владата.  

Во однос на мерките за намалување и превенција на ширењето на коронавирусот и прашањето кои закони ќе се менуваат и како ќе се третира тоа што работењето на угостителските објекти е регулирано со закон до полноќ односно до 1 часот, по полноќ, тој рече дека онаму каде што треба ќе се интервенира со измени на законите. 

аму каде што има потреба од проширување на ингеренции на инспекциите и треба да се интервенира во Закон оди преку закони во Собрание, таму каде што Владата на некој начин има одврзани раце да интервенира како во случајот со вчерашните мерки тоа не е случај и затоа е тоа така направено. Имаше доста денеска прашања на таа тема, меѓутоа тоа е сосема јасно. Значи, таму каде што има потреба законски да се интервенира оди преку Собрание и тој процес оди таму, рече Арсовски.

 Дополнително ќе информира во однос на работното време на угостителските објекти. 

Треба да знаете
Последни објави