Search

Винона Рајдер ја продава својата куќа во Сан Франциско

По 25 години, Винона Рајдер се збогува со својот раскошен дом во Сан Франциско.

Актерката (49) штотуку ја огласи куќата за продажба по цена од 4.995 милиони долари.

Трикатната резиденција во квартот „Крав холоу“ се протега на површина од 3.149 квадратни метри, и има неверојатен поглед кон заливот.

Рајдер го купила имотот во 1995 година за 1.3 милион долари, според „Варајети“ и не е познато кога последен пат живеела таму.

Истиот извор наведува дека минатата година куќата била огласена за изнајмување за 15.000 долари месечно, и повеќе нема предмети кои ѝ припаѓаат на холивудската ѕвезда.

Треба да знаете
Последни објави