Search

Вилер: Мерките во Германија даваат резултати, но ситуацијата не е решена

Претседателот на институтот „Роберт Кох” (РКИ), Лотар Вилер, оцени дека мерките што ги презема германската Влада за спречување на ширењето на коронавирусот даваат резултати.

– Во секој случај, имаме позитивен тренд и тоа, се разбира, има врска со мерките, рече Вилер во интервју за Дојчландсфанк.

Тој истакна дека е добро што мерките што ги воведоа политичарите делуваат, но укажа дека не може да се каже дека ситуацијата е решена.

Во моментов, стапката на репродукција на вирусот во Германија е 1,3, а треба да биде под 1.

Според него, за олеснување на мерките не е важна само таа бројка, туку и уделот на имунизирани лица во населението, како и капацитетите на здравствениот систем.

Треба да знаете
Последни објави