Search

Викендов казнети 194 возачи за брзо возење

Две лица биле тешко повредени во вкупно 22 сообраќајни несреќи што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на Скопје. Полицијата казнила194 возачи кои управувале возило со брзина поголема од дозволената.

Според СВР Скопје,  две од сообраќајни несреќи со тешки повреди, девет со полесни повреди и 11 со материјална штета.

Од сообраќај се исклучени 63 возачи од кои: 30 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 29 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници. Исклучени од сообраќај биле и 31 возило бидејќи 30 биле нерегистрирани и едно затоа што било технички неисправно.

Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, седум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неради неправилно престигнување, 10 поради непоседување пропишана зимска опрема, 20 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 44 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се 15 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 229 мандатни платни налози и 154 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Треба да знаете
Последни објави