Search

(Видео) AББA објави видео за нивната прва божикна песна

Новата божикна песна на AББА, Little Things, сега е достапна како сингл на цеде. Шведскиот култен бенд во петокот објави музички спот за песната.

Во него ученици разговараат за технологијата за претстојниот концерт ABBA Voyage во Лондон во 2022. Оваа технологија се користи за снимање на движењата на членовите на бендот и нивно претворање во дигитални реплики, кои ќе може да се видат на сцената во Лондон.

Учениците ја претвораат својата училница во продукциска канцеларија за да може сето тоа сами да го изведат и сами да создаваат музика. Крајниот резултат е божикно шоу на АББА.

Little Things е првата божикна песна на шведската супергрупа – ваква песна веќе долго време беше желба на фан-заедницата. „Јуниверзал мјузик“ соопшти дека целиот приход од продажбата на цедето ќе оди во Фондот на УНИЦЕФ за заштита на децата.

Треба да знаете
Последни објави