Search

(ВИДЕО) 13 загинати кај Карпалак

Местото каде што попладнево се случи страшната сообраќајна несреќа во која автобус полн со патници излета од автопатот Скопје-Тетово во моментов го надлетува хеликоптер. Екипите на Брза помош си одат празни, повредените се евакуирани. Покрај банкината на автопатот има мртви патници кои се покриени со ќебиња. Полицијата го расчистува и делот од патот каде што излетал автобусот и започнува увидот во присуство на обвинител.  Присутни се нивни роднини кои се во шок.

Автобусот на компанијата Дурмо -Турс од Гостивар кој сообраќал на релација Скопје- Гостивар, излета од патот кај селото Ласкарци, слета во нива и се преврте на кров.

На местото се присутни министерот за внатарешни работи Оливер Спасовски, голем број на полицајци но, и население од околните села кои помагаа во извлекувањето на жртвите и повредените и во расчистувањето на теренот.

Директорот на Градската болница 8-ми Септември, Христијан Костов соопшти сега досега во оваа болница од донесените патници од превртениот автобус кај Тетово четворица се мртви, а еден од во критична состојба и се бори за живот.

Директорот Костов рече дека се уште пристинуваат возила на брза помош со повредени патници и очекува таа бројка да стигне до 40-45 луѓе. Додаде дека болницата има капацитети да се справи со оваа ситуација.

Според неофицијалните информации,  7 патници загинале на самото место, а петмина починале во болниците.

Петмина од повредените се згрижени во Ургентниот центар и нивната состојба е се животнозагрозувачка.

Меѓу овие повредени има и една трудница, а останатите се возрасни лица. Поради сериозноста на повредите мобилизиран е целиот медицински персонал на Ургентниот центар и ослободени се сите операциони сали.

Повредените главно се со повреди на екстремитеите и абдоменот.

Инаку, 13 возила на Итната помош од Скопје, Тетово и Куманово интервенирале, а 9 скопски амбулантни возила по 2 пати се враќале да ги превезат тешко повредените лица во Скопје.

Во Ургентниот центар веќе се повикани сите лекарски екипи за помош.

Министерот за здравство Венко Филипче по тешката сообраќајката кај Карпалак, соопшти дека веднаш се упатил на местото на несреќата.

„По тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, веднаш се упатив на лице место. Упатени се сите коли на брза помош од Здравствен Дом Скопје и од приватните болници Неуромедика и Систина. Медицинските екипи се на располагање и ќе се искористат сите капацитети на здравстените установи за брза реакција”, напиша Филипче на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави