Search

(Видео) Џорџ Клуни снимал сцени од филм во арктичка снежна бура

Очните капаци на Џорџ Клуни се залепиле среде енормно ниски температури додека ја снимал научно-фантастичната драма „Небото на полноќ“.

59-годишната sвезда глуми научник кој се обидува да предупреди неколку астронаути да не се враќаат  на Земјата која во филмот е прикажана како ненаселива планета. Една сцена, во која што е одделен од својата мала ќерка, се снимала во вистинска арктичка снежна бура.

Актерот, кој исто така и го режира филмот, призна дека исцрпувачките услови го отежнувале снимањето и дека тоа се одвивало бавно бидејќи од помошниот тим постојано морале да го прекинуваат снимањето за да му го одмрзнат лицето.

“Тоа беше првата недела од снимањето. Бевме во Исланд, и кога излеговме надвор температурата беше 40 ° под нулата со налети на ветер од 70, 80 милји на час. Јас снимав без очила, моите очни капаци се залепија и не можев да ги отворам очите нешто повеќе од една минута. Мораа да употребат фен за коса за да ги одмрзнат трепките.

Холивудската ѕвезда во последно време не презема актерски улоги, но не можел да одолее кога првпат го видел сценариото за „Небото на полноќ“ (The Midnight Sky).

Треба да знаете
Последни објави