Search

(Видео) Џенифер Лопез објави видео спот за баладата On My Way

Џенифер Лопез зрачи со холивудски гламур на новобјавениот видео спот за On My Way, емотивната балада од претстојната романтична комедија „Омажи се за мене“ (Marry Me), каде глуми заедно со Овен Вилсон и Малума.

Поп-ѕвездата и актерка (52) се огласи на Инстаграм за да го одбележи објавувањето на видеото, и напиша дека е многу среќна што нејзините фанови добро реагираат на песната.

„Официјалното видео за On My Way излезе СЕГА !!! Многу сум среќна што сите ја сакате песната и се надевам дека го сакате видеото исто како и јас“, напиша таа во описот на објавата, додавајќи дека филмот доаѓа во кината на 1 февруари.

Во спотот, режиран од Сантијаго Салвиче, Џенифер полека се појавува од темнината облечена во црн костим од Версаче.

Треба да знаете
Последни објави