Search

(Видео) Јокиќ го предводеше Деневер во одмазничката победа против Феникс

Денвер предводен од МВП кошаркарот , Никола Јокиќ победнички ја почна новата сезона во кошаркарската НБА лига, совладувајќи го Феникс 110:98. Предводникот на Денвер, Јокиќ натпреаврот го заврши со 27 поени, 13 скокови и две асистенции за нешто повеќе од половина час поминат на паркетот. До победата екипата на Мајк Мелоун дојде благодарение на подобрата игра во последните две четвртини.

Со овој гостински триумф Денвер им се одмазди на „сонцата“ за минатогодишната елиминација во плеј-оф серијата кога беа убедливо исфрлени со 4:0 во победи. Санси подобро го отвори натпреварот и во првото полувреме имаа дури 16 коша разлика, а пресвртот го започна токму Јокиќ во третата четвртина кога доминираше Денвер со 34:24.

Феникс целосно застана и во последните 12 минути постигна само 16 поени, гостите се вратија и на крајот убедливо победија.

Резултати: Шарлот – Индијана 123:122, Детроит – Чикаго 88:94, Њујорк – Бостон 138:134 (по две продолженија), Торонто – Вашингтон 83:98, Мемфис – Кливленд 132:121, Минесота – Хјустон 124:106, Њу Орлеанс – Филаделфија 97:117, Сан Антонио – Орландо 123:97, Јута – Оклахома 107:86, Феникс – Денвер 98:110, Портланд – Сакраменто 121:124.

Треба да знаете
Последни објави