Search

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА лигата на Торонто Репторс на плоштадот „Нејтан Филипс“.

https://youtu.be/EH9GR12TjW8

Пукањето предизвика стампедо, додека луѓето бегаа од плоштадот пред градското собрание каде имаше десетици илјади посетители на прославата.

За време на прославата на трибините во близина на местото на инцидентот седеа играчите на Репторс и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Полицијата уапси три лица и заплени оружје. Не се познати мотивите за нападот. Кошаркарите на Торонто репторс ја освоија титулата на шампиони на НБА лигата откако во гости го победија Голден стејт со 114:110 во шестиот натпревар во финалната серија и на Канада и го донесоа првиот трофеј.

Треба да знаете
Последни објави