Search

(Видео) Хеликоптер на сириската влада разнесен во воздух

Бунтовниците што ги поддржува Турција соборија хеликоптер на северозападот на Сирија. Се верува дека хеликоптерот ѝ припаѓа на сириската влада, објави турската телевизија „ТРТ Хабер“. Хеликоптерот бил соборен јужно од Идлиб, пренесе „Ројтерс“.

Според првичните информации, хеликоптерот е разнесен од земја со рачен ракетен систем „земја-воздух“.

„Потврдено е дека сите четири членови на екипажот загинале“, соопштил сириски воен извор.

Како што се наведува, хеликоптерот го разнела терористичката организација Фронт ал-Нусра.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порачал дека сириската влада ќе плати висока цена поради нападот на турските сили во Идлиб.

„Тоа беше нужен одговор. Добија тоа што заслужија. Но, тоа не е доволно, ќе продолжиме“, рекол Ердоган, пренесе „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави