Search

(Видео) Харден за историска новогодишна ноќ во НБА

Фантастичниот рекорд на Џејмс Харден ја одбележа новогодишната ноќ во НБА лигата. Капиенот на „Хјустон Рокетс“ го предводеше својот тим во победата над „Мемфис Гризлис“ од 111:103 со 43 поени,13 асистенции и десет скока. На овој начин Харден постави нов рекорд на лигата со осми последователен натпревар на кој постигна барем 35 поени и пет асистенции и го престигна легендарниот Оскар Робертсон кој два пати имаше по седум вакви натпревари во низа.

Но популарната „Брада“ постигна и повеќе од тоа со својот четврти натпревар во низа со 40 и повеќе поени и со четврти трипл-дабл сезонава. Харден во последните десет натпревари има просек од 40 поени или 400 за десет меча што го прави само третт кошаркар во историјата на НБА во изминативе 30 години со ваков просек.

Резултати од останатите натпревари:

„Индијана“ (25-12) – „Атланта“ (11-25) 116: 108
„Шарлот„ (18-18) – „Орландо“ (16-20) 125: 100
„Сан Антонио“ (21-17) – „Бостон“ (21-15) 120: 111
„Оклахома Сити“ (23-13) – „Далас“ (17-19) 122: 102
„Њу Орлеанс“ (17-21) – „Минесота“ (17-20) 123: 114
„Феникс“ (9-29) – „Голден Стејт“(25-13) 109: 132

https://youtu.be/9ykZ5j9qH-A

Треба да знаете
Последни објави