Search

(Видео) Хаос во Хонгконг: Запален човек, полицијата пука со вистински куршуми

Еден постар маж е запален во Хонгконг, каде полицијата претходно пукаше на демонстрантите за време на ескалација на насилството на антивладините протести.

Мажот, кој бил запален, е примен во болница во критична состојба.

Објавено е видео на кое се гледа дека човекот се расправа со група млади луѓе по што некој го полива со запалива течност и го пали, пренесува агенцијата АП.

Според медиумите, неидентификуваниот и невооружен човек извикувал „вие не сте Кинези“ пред да биде запален.

Претходно во медиумите се појавија снимки од друг инцидент во кој полицаец пука во 21-годишно момче за време на конфронтација со демонстрантите кои рано утрово ги блокираа метрото и градските улици.

Младиот човек бил примен во болница во критична состојба, иако полицијата соопшти дека тој веќе не е во опасност по извршената операција.

Насилството се очекува дополнително да ескалира бидејќи еден студент почина во петокот од здобиени повреди во судирите, а полицијата во текот на викдендот уапси шестмина опозициски пратеници.

Треба да знаете
Последни објави