Search

(Видео) Урнебесен танц на Доналд Трамп на ТикТок

Доналд Трамп стана хит на TickTock поради неговите танцови движења, кои неодамна ги демонстрираше на неговите предизборни митинзи.
Кога се појави видеото на кое американскиот претседател танцува на сцената, или барем се обидува да го стори тоа, не требаше долго за неговите смешни движења да се претворат во предизвик на Тик-Ток.
Корисниците ја преплавија, инаку за Трамп омразената кинеска социјална мрежа, со своите верзии на чуден танц во обид да ги имитираат уникатните движења на претседателот, а снимките додадоа разни музички позадини, што ја направи целата работа уште позабавна, пишува Јутарњи.
Патем, на собирот каде што било снимено, Трамп танцувал на песна од групата Y.M.C.A Village People, но наместо вообичаената кореографија во која се изведуваат буквите од насловот на песната, Трамп на познатиот диско хит му дал свој „штих“.

Треба да знаете
Последни објави