Search

(Видео) Ужасни последици од невремето во Шпанија: Обилните врнежи однесоа шест животи

Обилните дождови во југоисточна Шпанија однесоа уште два животa, со што бројот на загинатите се искачи на шестмина, соопштија денеска официјални лица.

Според информациите од шпанската полиција, 58-годишник бил однесен од вода кога излегол од неговиот автомобил.

Шестата жртва, пак, е 41-годишен маж од Орихуела, каде локалната река го преплавила своето корито.

Илјадници луѓе во погодените делови од земјата вчера беа спасени од екипите за итни случаи.

Рекордни врнежи од дожд го поплавија југоисточниот дел на Шпанија, поради што се затворени аеродроми, во прекин е железничкиот сообраќај, поплавени се патиштата, а во прекин е и училишната настава.

Премиерот со технички мандат Педро Санчез денес отпатува во погодените области.

Треба да знаете
Последни објави