Search

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на Месечината на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат како крвава супер месечина. Станува збор за редок небесен настан кој се случува кога Месечината е поставена малку поблиску до Земјата отколку нормално и се појавува малку поголема и посветла од нормалното. Бидејќи се појавува во јануари, кога волци завиваат од глад во близина на селата, таа се нарекува и волчја месечина.Целосното затемнување беше видливо од Британија, Северна и Јужна Америка, и западната и северната Европа, но не и во јужната хемисфера. Месечината, Земјата и Сонцето за време на овој феномен беа во иста линија што предизвика целосно затемнување на Месечината, појава што нема да се повтори ниту оваа ниту наредната година.

Треба да знаете
Последни објави