Search

(Видео) Страшни поплави погодија делови од САД, најмалку 4 мртви

Најмалку четири лица загинаа во поплавите што деновиве погодија делови од САД, според „Си-ен-ен“. За сега се знае дека тројца загинале во Небраска и еден во Ајова.

Според најавите на метеоролозите, дополнително зголемување на нивото на реките се очекува оваа недела во градовите на средниот запад на САД. Ќе има локални силни дождови од Ајова до Мисисипи, но ова нема да предизвика поплави.

Минатата недела почна да расте нивото на реките откако силна бура го погоди централниот дел на САД. Таканаречената „циклонска бомба” носеше ветрови како ураган. По завршувањето на бурата, снегот почна да се топи, предизвикувајќи повисок водостој и поплави.

„Предупредување за поплави беше издадено за огромна област; за повеќе од 8 милиони луѓе во 14 држави, од Минесота во Мексиканскиот Залив”, изјави метеорологот на „Си-ен-ен“, Мајкл Гај.
Американските држави Небраска, Ајова и Висконсин прогласија вонредна состојба.

Гувернерот на Небраска, Пит Рикетс, поплавите ги нарече „најраширена катастрофа што сме ја имале во историјата на нашата земја”.

Треба да знаете
Последни објави