Search

(Видео) Стоилковски: Пендаровски во 2015 година велеше дека народот бил стока

Вчера Стево Пендаровски во едно телевизиско интервју изнесе повеќе невистини, во обид да го злоупотреби токму гостувањето во медиумот. Во само еден час, Пендаровски го покажа сиот Заевизам што го спроведува, што го продава и што се обидува да го наметне за следните 5 години. Пендаровски вчера бараше доказ дека некогаш не споменал СТОКА за народот, веројатно сметајќи на акцијата за бришење на таа изјава од социјалните медиуми. Ако Пендаровски ја нема во своите архиви и ја бараше вчера од медиумот, тука сме да го потсетиме, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве го потсетуваме на изјавите Стево Пендаровски како тој вели дека народот бил стока, го качувале во автобуси, дека луѓето биле затворани во трло и дека ако се луѓе не би требало да бидат, присутни а станува збор за еден собир од 2015 година и дека партиските членови фактички не се луѓе. Денес на истите граѓани Пендаровски демократски пак им порачува, на оние што доаѓаат и што ги носат според списоци по, нели со комбиња на неговите трибини, демократски им порача да не му се појавуваат пред очи ако загуби! Ова е класичен пример за заевизмот и за политичката филозофија „Кажувам заборавам негирам““, рече Стоилковски.

Стоилковски рече дека Пендаровски вчера бесрамно одглумил дека не помни дека рекол дека е следен од разузнавачки служби, дека други споменале следење, а сите се сеќаваат како самиот во едно друго телевизиско интервју порача дека бил следен од служби, и дека е загрижен за безбедноста.

„Почитувани ќе потсетам дека дури и Заев и Спасовски потоа јавно изјавуваа дека нема опасност по него, а истото го направи и Генералниот секретар на партијата, Кирацовски. Тоа уште еден заевизам покажан од страна на Стево Пендаровски, уште едно кажување, заборавање, негирање“, рече Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави