Search

(Видео) Спасен Камбоџанецот кој беше четири дена заробен во пештера

Камбоџанецот кој беше  четири дена  заробен во пештера каде што доживеа несреќа додека собираше измет од лилјаци, е спасен, пренесува „Би-би-си“.

Сум Бора (28) пропаднал меѓу две карпи во пештерата во неделата, откако се вратил по неговиот факел. Семејството наскоро почнало да го бара и го пронашле дури во вторникот, кога веќе неколку дена бил без храна и вода.

https://youtu.be/utDtyfl5G_g

По десетчасовната операција за спасување во која учествувале околу 200 спасувачи, тој бил успешно ослободен во средата и сега се лекува во локална болница.

Којун Сотеја, сопруга на Бора, изјави дека се лекува во болницата поради повреди на главата, коленото и градите. Таа му се заблагодари на премиерот на Камбоџа, Хун Сен, кој испрати тим за спасување и донираше 2.500 американски долари на нивното семејство.

Изметот на лилјаците, познат како гуано, често се користи како ѓубриво и постигнува добра цена во Камбоџа.

Треба да знаете
Последни објави