Search

(Видео) Со графит среде Белград и песна од Балашевиќ, Северина го слави роденденот на синот

Александар, синот на поп-ѕвездата Северина, денес полни девет години. Хрватската пејачка, која не смее да објавува слики од синот, роденденот му го честиташе со емотивно видео на Инстаграм од графит нацртан во Белград, додека во позадина се слуша песната на Ѓорѓе Балашевиќ „Успаванка за дечака“.

„Кога се роди паѓаше снег во Сплит. Кога се роди ти, се родив и јас. Твоја слика за сега не смеам да ја објавувам, но графитот кој стои на ѕидот од една куќа, кој тукушто го добив, сè уште не е ми забранет. Им благодарам на добрите луѓе што ми го пратија овој графит и му благодарам на авторот. Среќен роденден, чудо мое,“ напиша Северина.

Инаку, песната од Балашевиќ, кој почина пред неколку дена од корона, Северина ја препеа пред неколку години и често ја пее на своите настапи, а вели дека ја пее заради својата лична битка околу старателството на синот.

Судот во Хрватска пред околу две години ѝ го одзеде синот Александар и старателството го додели на нејзиниот поранешен партнер, бизнисменот Милан Поповиќ. Оттогаш да има забрана да објавува слики од детето во јавност. Со синот се гледа неколку пати неделно по неколку часа.

Треба да знаете
Последни објави