Search

Видео-снимки со уапсените француски студенти предизвика бранови критики во јавноста

Видео-снимки на кои редици француски средношколци се клекнати на колена, со рацете на главите, некои поставени пред ѕид додека полицајци со шлемови и вооружени со палки стојат над нив, предизвикаа бранови критики на интернет, пренесува РТ.

На снимките е доловен моментот кога полицајците во четвртокот ги привеле демонстрантите против реформите во образованието во Манте-ла-Жоли во северниот дел на централна Франција. Поголемиот дел од нив се тинејџери од локалните средни училишта.

Објавено од „Полициско насилство“ (Violences Policières), видеото беше ретвитнато илјадници пати и предизвика бесни коментари во кои се вели дека тоа изгледало како „убиство на деца пред стрелачки вод”.

Невооружените тинејџери, повеќето со ранци, стоеја на колена во остар контраст со полицајците вооружени до заби. „За мене, она што се случува на сликата е неподносливо, без оглед на контекстот”, коментира еден корисник на Твитер.

Бесните корисници на Твитер ги обв

инија полицајците за нечовечки третман.  „Следниот чекор е гилјотина?”, прашува друг корисник на Твитер.

По судирите во четвртокот, вкупно 153 лица, главно ученици, беа уапсени во Манте-ла-Жоли. Ситуацијата беше напната во близина на многу други средни училишта низ целата земја, при што демонстрантите фрлаа молотови коктели и стаклени шишиња накај полицијата, која прибегна кон солзавец за да ги растера тинејџерите.

Од утрово, околу 700 средни училишта низ целата земја беа зафатени од протести, а  400 од нив беа затворени, соопшти Националната унија на ученици.

Треба да знаете
Последни објави