Search

(Видео) Славева: Филипче е неспособен за водење на здравството, резултатот на неспособноста се човечки жртви

Министерот, Венко Филипче е целосно неспособен за водење на секторот на здравство. Резултатот на неговата неспособност се човечки жртви! Последната вест е починато предвреме родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство. Причина се условите, поточно крајно лошите услови на  Клиниката,  несоодветно стерилизирани инструменти и сали, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Министре, како е можно деца да умираат поради несоодветни услови на Клиника?За жал ова за вас е само еден во низата смртни случаи поради лоши услови на клиниките и здравствените установи. Ова е скандал. Министерот не знае да се снајде со епидемијата на морбили и има 4 смртни случаи. Доцни со мерките затоа последиците се такви!

Затоа Филипче е фокусиран на пари и профит, а негова специјалност стана распродавање на здравството! Од  министерувањето резултат се само некакви физибилити студии, сомнителни тендери и човечки жртви!  Грижата за здравјето на граѓаните за Филипче не постои!

Цената на лошото министерување е преголема. Токму затоа министерот Филипче мора да ја напушти функцијата и тоа веднаш, изјави Славева.

 

Треба да знаете
Последни објави