Search

(Видео) Силен ветaр го оддува камионот врз полициски автомобил и го смачка

Ветровите проследени со дожд во Велика Британија дуваа со брзина до 100 километри на час и превртеа камион на автопатот А1, кој потоа удри во полициски автомобил.

Несреќата се случила во Шкотска кога полициско возило го насочувало сообраќајот од надворешната лента. Ветрот веќе оддувал еден камион од патот до тогаш. Друг камион тогаш само се превртел кон полицискиот автомобил и го смачкал. Полицаецот кој пристигнал на местото на настанот е полесно повреден.

„Мораме да го затвориме А1 веднаш. Камионот само што се преврте на моето патролно возило. А го исполирав вчера“, објави на твит началникот на полицијата Стјуарт Карл.

Метеоролозите издадоа жолто предупредување за подрачјето на Англија и Шкотска бидејќи силните ветрови веројатно ќе предизвикаат доцнење во железничкиот и патниот сообраќај.

Треба да знаете
Последни објави