Search

(Видео) Се затвора најголемиот затвор во Москва

Озлогласениот затвор „Бутирка„ во Москва наскоро ќе биде затворен, а поранешниот затвореник Александар за Радио Слободна Европа вели дека никогаш нема да го заборави времето што го поминал зад решетки.

Александар вели дека најзначајни во затворот биле чорапите.

„Ќе ги исперевме чорапите и од нив правевме јажиња. Јажињата беа врската помеѓу ќелиите. На овие јажиња закачувавме други чорапи и во нив стававме работи“.

Александар бил во затвор 17 месеци поради финансиски криминал. Викал од прозорецот за да комуницира со своето семејство и пријателите пред затворот.

Затворот „Бутирка„ бил изграден во 1771 година и е најстариот и најголем затвор во Москва.

Во него беа многу познати затвореници, како Феликс Џержински, основачот на советската тајна полиција, Сергеј Корољев, водечкиот руски вселенски проектант, и убиениот адвокат за борба против корупцијата, Сергеј Магнитски.

„Бутирка“ има проблем со пренатрупаност бидејќи има 2000 затвореници во притвор, но исто така и оние кои служат повеќегодишна казна.

Притворениците од „Бутирка“ ќе бидат преместени во рок од две години, а нов затвор ќе биде изграден надвор од Москва.

https://youtu.be/EdWDr9p4VGg

Треба да знаете
Последни објави