Search

(Видео) Северна Кореја има меѓународен модерен аеродром, но нема ниту еден патник

Северна Кореја го модернизира меѓународниот аеродром во Пјонгјанг, но на него нема ниту патници, ниту авиони – пистите се празни. Во серијалот на британскиот новинар Мајкл Палин „Мајкл Палин во Северна Кореја“ е прикажан аеродромот во Пјонгјанг кој сè уште не во функција за интернационални летови. Палин вели дека е бизарно тоа што продавниците на аеродромот се полни со стока и дури има и вработени иако нема муштерии.

Новинарот наведува дека Северна Кореја има намера да се отвори кон светот и да привлече странски туристи. Аеродромот има два терминали. Терминал 1 е отворен во јануари 2016 година и е за домашни летови. Терминал 2 е за меѓународни летови и е отворен на 1 јули 2015 година.

Во првиот дел од серијалот, Палин наведува дека на жителите на Северна Кореја не им е дозволено да патуваат во странство. Новинарот во серијалот  „Мајкл Палин во Северна Кореја“ што се прикажува на „Нешнл џиографик“ прави обид да го прикаже секојдневието на Севернокорејците, но, сепак, тој наведува дека не можел слободно да шета и да зборува со кого било, туку дека целата посета му била организирана од тамошните власти.

Треба да знаете
Последни објави