Search

(Видео) Руска група направила плагијат на „Боже чувај ја од зло“ на Тоше

Руската рок-група „Землене“ направи своја верзија на песната од Тоше Проески „Боже чувај ја од зло“, но ја претставува како своја авторска песна под името „Боже“, пренесува Репортер.мк.

На плагијатот како автори се наведени имињата на Владимир Киселев и Владимир Трушин. Киселев се пишал како автор на песната, а Трушин си ја присвоил музиката.
Песната „Боже чувај ја од зло“ е дел од последниот албум на Тоше, „Игри без граници“, издаден 2007 година. Албумот беше издаден на македонски и српскохрватски јазик.

 

Треба да знаете
Последни објави